четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Иран забрани извоз на сите прехранбени и земјоделски производи

Иран забрани извоз на сите прехранбени и земјоделски производи

850
Фото:википедија

Иран забрани извоз на храна и земјоделски производи, објави полуофицијалната новинска агенција „Тасним“.

Владата наводно дава приоритет на снабдувањето со основни потреби на своето население.

Откако беа погодени клучни воени и инфраструктурни цели во Техеран и други градови, Иран се соочува со сериозни логистички проблеми. Владата се обидува да спречи паника и глад со овој потег, бидејќи многу патишта и пристанишни објекти се оштетени.

Иран претходно се закани дека целосно ќе го затвори Ормутскиот теснец (низ кој минува 20 проценти од светската нафта, но и огромен дел од увозот на храна во Иран). Бидејќи Иран увезува големи количини жито (особено пченица од Русија и пченка од Бразил), тие се свесни дека блокирањето на теснецот може да ги наруши сопствените синџири на снабдување. Забраната за извоз „го зачувува она што веќе го имаат во своите граници“.

ИЗДВОЕНИ