четврток, ноември 19, 2026
Дома СВЕТ ИСТОРИСКА ПРЕСУДА: Судот во Хаг пресуди дека Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите

ИСТОРИСКА ПРЕСУДА: Судот во Хаг пресуди дека Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите

1
EPA/JEROEN JUMELET

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг пресуди дека Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите за време на воената кампања во 2017 година, со што ја прекршил Конвенцијата за геноцид. Ова е првпат во историјата на највисокиот суд на Обединетите нации да се утврди дека некоја држава извршила геноцид.

При изрекувањето на пресудата, судијата Јуџи Ивасава објасни дека обемот и природата на насилството укажуваат на намера за уништување на значителен дел од населението на Рохинџите во северниот дел на државата Ракајн. Судот утврди дека безбедносните сили на Мјанмар убиле илјадници цивили, извршиле масовно сексуално насилство и тешко насилство врз деца, како и напади врз припадници на народот Рохинџи додека се обидувале да побегнат во соседен Бангладеш.

Судот го отфрли тврдењето на Мјанмар дека овие дејствија претставувале легитимна антитерористичка операција против бунтовници. Во пресудата се наведува дека, за време на нападите, безбедносните сили не правеле разлика помеѓу припадници на вооружени групи и цивили.

Муршид Алам, кој имал 12 години кога бил протеран од својот дом во Ракајн, изјави за Си-Ен-Ен (CNN) дека за него оваа пресуда значи оти страдањето на неговиот народ е признаено како злосторство за кое некој мора да сноси одговорност.

Постапката беше покрената од Гамбија во 2019 година, а пресудата е конечна и правно обврзувачка. Во случајот од 2007 година, „Босна и Херцеговина против Србија“, истиот суд утврди дека во Сребреница бил извршен геноцид и дека Србија ја прекршила својата обврска да го спречи тоа.

ИЗДВОЕНИ