
За прв пат, Златан Ибрахимовиќ даде интервју на босански јазик во емисијата „Неуспехот на шампионот“, во која водител е поранешниот селектор на Хрватска, Славен Билиќ.
Иако е очигледно дека Златан не може течно да комуницира, неговиот напор да пренесе приказни со помош на Билиќ навистина ги импресионираше сите гледачи.
Во емисијата што се емитуваше пред неколку дена, тој зборуваше и за тоа како еден тренер го понижил засекогаш, а тоа е легендарниот италијански стручњак, Фабио Капело.
Капело го донесе во Јувентус во летото 2004 година, а сега Ибрахимовиќ призна дека Капело веднаш го понижил уште на првиот ден.
„Дојдов во Јувентус и на насловните страници на „Газета дела Спорт“ стоеше дека Златан Ибрахимовиќ дошол во Јувентус. Капело држеше весник кога влегов на состанокот. Останав фасциниран од таа „Газета“. Тој весник тогаш беше весник. Прашав порано во соблекувалната што да му кажам на шефот кога ќе влезам? Тогаш не знаев италијански, а ми рекоа да кажам добро утро шефе. Влегов и реков „Добро утро шефе“ и седнав на стол. Капело не направи ништо. Апсолутно ништо, седеше таму и ме искулира. Ме понижи како никој досега. Дури подоцна ми кажа и призна дека го направил тоа за да „привлече почит“ од мене. Му успеа, веднаш го почитував Капело од првиот ден“, рече Ибрахимовиќ.
Најтрофејниот италијански клуб го донесе Ибрахимовиќ од Ајакс во трансфер вреден 16 милиони евра. Ибракадабра играше за „старата дама“ две години, по што реши да го напушти тимот и да се пресели во Интер.
Одигра 92 натпревари за Јувентус, постигнувајќи 26 гола и 21 асистенција, додека неговиот трансфер во Интер беше целосен успех, бидејќи постигна 66 гола и имаше 29 асистенции на 117 натпревари.











