сабота, јули 18, 2026
Дома РАЗНО Пронајдени телата на италијанските нуркачи кои исчезнаа на Малдивите

Пронајдени телата на италијанските нуркачи кои исчезнаа на Малдивите

44
epa12967657 A handout photo made available by the Maldives President's Media Division shows Maldives National Defence Force (MNDF) military diver Staff Sergeant Mohammed Mahdi (2-L) and other divers preparing to take part in a search and recovery operation for four missing Italian tourists in the waters of Vaavu Atoll, Maldives, 16 May 2026 (issued 17 May 2026). The operation follows a scuba diving accident on 14 May, which claimed the lives of five Italian nationals. Staff Sergeant Mahdi died during the deep-water mission while searching for the missing tourists. The five Italians died while attempting to explore caves at a depth of around 50 meters, and only one of their bodies is thought to have been recovered. EPA/MALDIVES PRESIDENT'S MEDIA DIVISION HANDOUT -- MANDATORY CREDIT --HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Телата на четирите италијански нуркачи кои минатата недела исчезнаа за време на нуркачка несреќа на Малдивите се пронајдени, потврдија италијански и малдивски претставници за Би-би-си.

Телото на петтиот член на групата беше пронајдено уште претходно, по несреќата што се случила во четвртокот.

Тие биле пронајдени во пештера на длабочина од околу 60 метри во атолот Вааву, благодарение на заедничка акција на специјално обучени фински и малдивски нуркачи, соопштија локалните власти.

За време на потрагата загинал и еден спасувачки нуркач.

-Во следните денови ќе бидат изведени дополнителни нуркања за извлекување на телата, изјави портпаролот на малдивската влада, Мохамед Хосеин Шариф.

Се верува дека ова е најтешката поединечна нуркачка несреќа во оваа островска држава во Индискиот Океан, која е позната туристичка дестинација по своите корални острови. Жртвите се идентификувани како вонредната професорка по екологија на Универзитетот во Џенова, Моника Монтефалконе, нејзината ќерка Џорџа Сомакал, морскиот биолог Федерико Гуалтиери, истражувачката Муриел Оденинo и инструкторот по нуркање Џанлука Бенедети.

Телото на Бенедети било пронајдено во четвртокот во близина на влезот во пештерата, а властите веруваат дека останатите четворица нуркачи влегле во неа. Причината за смртта сè уште се истражува.

Спасувачкиот нуркач Мохамед Махуди, припадник на Националните одбранбени сили на Малдивите, починал од декомпресиска болест, откако во саботата бил префрлен во болница во главниот град. Тој бил погребан со воени почести на церемонија на која присуствувал и претседателот на Малдивите, Мохамед Муизу.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека ќе биде направено сè за телата на жртвите да бидат вратени во Италија, а истовремено изрази сочувство поради смртта на спасувачот.

Лошите временски услови во текот на целата акција значително ја отежнувале потрагата и спасувањето.

Италијанската туристичка агенција што го организирала нуркачкото патување ги отфрли обвинувањата дека одобрила или знаела за длабинско нуркање што ги надминувало локалните ограничувања.

Рекреативното нуркање на Малдивите е ограничено на длабочина од 30 метри.

Универзитетот во Џенова соопшти дека Моника Монтефалконе и Муриел Оденино престојувале на Малдивите како дел од официјална научна мисија за следење на морската средина и проучување на влијанието на климатските промени врз тропската биолошка разновидност. Сепак, нуркањето при кое се случила трагедијата не било дел од планираното истражување, туку било организирано приватно.

ИЗДВОЕНИ