
Во инцидентот што се случи во градот Абнуб, на околу 300 километри јужно од Каиро во провинцијата Асиут, исто така се повредени пет лица, пренесе ДПА.
Министерството соопшти дека сторителот синоќа отворил оган неселективно кон минувачите на една автобуска станица. Безбедносните сили потоа го пронашле на земјоделско земјиште. Мажот бил убиен во престрелка со полицијата.
Според првичните истраги, сторителот веќе подолго време имал проблеми со менталното здравје и се лекувал во психијатриска болница во Каиро, соопшти министерството.
Јавното обвинителство отвори истрага за случајот.











