вторник, јуни 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Д-р Мерџановски за весникот ВЕЧЕР: Двајца работници во несреќата во Кисела Вода...

Д-р Мерџановски за весникот ВЕЧЕР: Двајца работници во несреќата во Кисела Вода сè со полесни повреди, еден со скршеници

1512

На Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ донесени се тројца повредени, од кои двајца се со полесни повреди, а еден со скршеници, потврди д-р Игор Мерџановски за весникот ВЕЧЕР.

Тројца работници се затрупани утрово при ископ на темели на градилиште во Скопје во општината Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со Центарот за управување со крици (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“, се вели во соопштението на МВР.

МВР: Затрупани тројца работници во ископ за нова зграда во скопска Кисела Вода

ИЗДВОЕНИ