четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Два танкери под индиско знаме поминале низ Ормуз

Два танкери под индиско знаме поминале низ Ормуз

41
EPA/OLIVIER HOSLET

Два танкера за течен гас (LPG), што пловат под индиско знаме, денеска поминаа низ Ормускиот Мореуз, иако целиот сообраќај во критичниот воден пат останува блокиран, соопшти платформа за следење на бродови.

Танкерот „Пајн Гас“ ( Pine Gas) помина низ мореузот, а кратко време потоа и танкерот „Џаг Васант“ (Jag Vasant), што беше во близина, се наведува во податоци од платформата за следење на бродови „МаринеТрафик“, пренесе Индекс.хр.

Танкерот „Пајн Гас“ ја емитуваше пораката „Индиски брод и екипаж“, според одделните податоци за следење на бродови од платформата LSEG.

Стотици бродови се уште се заглавени во Персискиот Залив, а илјадници морнари се принудени да останат усидрени поради американско-израелската војна со Иран.

ИЗДВОЕНИ