Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника.
Новата поликлиника ќе биде изградена на местото на старата амбуланта и ќе обезбеди полесен и побрз пристап до здравствени услуги за сите граѓани. Во новиот објект ќе биде достапен пункт за итна медицинска помош, ноќна служба, РТГ кабинет со ехо, лабараторија и аптека.












