четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Двa неидентификувани дронa се урнаа во Финска – истрагата ќе покаже дали...

Двa неидентификувани дронa се урнаа во Финска – истрагата ќе покаже дали се украински како што се претпоставува

57
Фото:википедија

Двa дронови се урнаа во Финска, за кои властите претпоставуваат дека се украински, објави денес парискиот весник „Ле Монд“.

„Го сфаќаме ова многу сериозно“, рече финскиот министер за одбрана Анти Хаканен, додавајќи дека истражители се испратени на местото на несреќата.

Војската вели дека дроновите се урнале во близина на Куопио, во јужна Финска.

Премиерот Петери Орпо изјави за јавниот радиодифузен сервис Yle дека „веројатно е дека станува збор за украински дронови, но истрагата ќе го утврди тоа“.

Орпо нагласи дека Украина извршила напади со дронови врз руската инфраструктура во областите во близина на финската граница во последните денови и дека руските уреди за попречување можеби ги пренасочиле некои од овие дронови од нивните патеки.

ИЗДВОЕНИ