среда, септември 9, 2026
Дома БАЛКАН Драма на лет за Загреб: 15-годишно девојче ѝ испратило тајни знаци на...

Драма на лет за Загреб: 15-годишно девојче ѝ испратило тајни знаци на стјуардесата дека е злоупотребувано, уапсен е 61-годишен македонски државјанин

44
Фото:пекселс

Граѓанин на Македонија (61) беше уапсен пред неколку дена на меѓународен лет за Загреб под сомнение за сексуално злоставување на дете.

Петнаесетгодишно девојче го пријавило инцидентот на кабинскиот персонал, по што полицијата интервенирала веднаш по слетувањето на авионот, пишува „Јутарњи лист“.

Девојчето, кое патувало само, ја повикала стјуардесата и ја замолила да погледне нешто на нејзиниот мобилен телефон. На екранот пишувало: „Многу се плашам од овој човек, можете ли некако да ми помогнете?“. Стјуардесата реагирала мирно и, под изговор да ѝ покаже на девојката каде е тоалетот, ја однела на безбедно место во пилотската кабина.

Таму, таа им кажала на екипажот дека постар маж од седиштето до нејзиното почнал да ги допира нејзините гениталии додека сè уште била на пистата, за време на подготовките за полетување. Во исто време, како што изјавила таа, се преправал дека ѝ помага да го врзе безбедносниот појас.

Екипажот веднаш ја известил контролната кула на аеродромот во Загреб од пилотската кабина. На аеродромот „Фрањо Туѓман“, 61-годишниот патник бил пречекан од полицијата. Разговорот со полицијата резултирал со кривична истрага, по што мажот бил однесен во Општинската канцеларија на државниот обвинител.

За време на сослушувањето, осомничениот ги негирал обвинувањата за непристојни дела. Тој изјавил дека не ја допрел девојката, туку само ѝ ставил ремен. Истражниот судија му изрекол притвор и бил префрлен во Ремитенец.

ИЗДВОЕНИ