вторник, октомври 6, 2026
Дома СКОПСКА Дополнителен превоз за манастирската слава во Матка

Дополнителен превоз за манастирската слава во Матка

59

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, кој се одбележува на 28 август, за манастирската слава во Матка ќе биде организиран дополнителен превоз за верниците и посетителите.

Покрај редовната автобуска линија 60, до полициската станица „Матка“ ќе сообраќа и дополнителен автобус, по потреба. Оттаму, посетителите ќе имаат обезбеден превоз со минибус до најблиската достапна точка до манастирот.

Од сестринството на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка ги повикуваат верниците да ја споделат празничната радост и да присуствуваат на литургијата и соборната молитва.

 

ИЗДВОЕНИ