вторник, октомври 6, 2026
Дома СКОПСКА  Од старата кујна се прават две дополнителни простории – ќе се згрижат...

 Од старата кујна се прават две дополнителни простории – ќе се згрижат уште 50 деца

33

Општина Илинден започна со реализација на проектот за пренамена на постојната кујна во детската градинка „Гоце Делчев“, со што ќе се обезбедат дополнителни простории за престој и згрижување на дечињата.

По изградбата на новата централна кујна, чија реализација е во завршна фаза, постојниот кујнски простор ќе биде целосно реконструиран и пренаменет во две нови занимални.

– Во рамките на градежните активности е предвидена изведба на нови преградни ѕидови и подови, хидроизолациски, керамички, молерофарбарски и фасадерски работи, како и поставување нова внатрешна и надворешна столарија. Ќе бидат изведени и нови електрични инсталации и осветлување, заедно со сите други потребни градежно-занаетчиски работи за создавање безбеден, функционален и современо уреден простор за најмладите – соопштија од локалната самоуправа.

Со реализацијата на проектот ќе се создадат услови за згрижување на дополнителни 50 деца, а вкупниот капацитет на детската градинка „Гоце Делчев“ ќе достигне околу 650 дечиња, со што Општина Илинден ја нагласи својата заложба за подобрување и проширување на капацитетите за предучилишно згрижување, како и за создавање квалитетни услови за престој, воспитување и развој на најмладите жители.

ИЗДВОЕНИ