Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, остана без клучен ракометар на почетокот од плеј-офот. Средниот бек, Домен Тајник, беше успешно опериран во Битола, каде му беше извршен зафат на слепото црево.

За словенечкиот репрезентативец сега следува подолга рехабилитација, а од неговиот клуб му посакаа брзо закрепнување и што поскоро враќање на терените.

Тајник сезонава беше меѓу најдобрите поединци во таборот на „зелено-белите“, а неговото отсуство сигурно ќе се почувствува во ростерот на тренерот Стевче Алушовски.

Еурофарм Пелистер има уште еден натпревар во Лигата на шампионите, ќе гостува кај Барселона, а потоа  ќе  го фрли фокусот на плеј-офот во Суперлигата и Купот на Македонија.

ИЗДВОЕНИ