четврток, јуни 4, 2026
Дома СПОРТ Чави предизвика „бродолом“ во Барселона, а Лапорта е на колена

Чави предизвика „бродолом“ во Барселона, а Лапорта е на колена

903
epa10216272 FC Barcelona's head coach Xavi Hernandez (C) leads a training session of the team at Joan Gamper de Sant Joan Despi sports complex in Barcelona, Spain, 30 September 2022, on the eve of their Spanish LaLiga soccer match against RCD Mallorca. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Фудбалскиот свет веќе неколку дена е во шок и тоа поради интервјуто на легендарниот шпански фудбалетр Чави Хернадез. Познатиот играч и поранешен тренер на Барселона пред камерите го демолираше долгогодишниот прв човек на каталонскиот гигант Жоан Лапорта, и главниот играч од сенка, Алехандро Ечеварија.

За двајцата, тој упати многу сериозни обвинувања. Чави тврди дека Ечеварија треба да даде амин за се и открива како Жоан Лапорта лично го спречил враќањето на Лионел Меси во клубот во 2023 година.

„Враќањето на Меси во Барселона беше готова работа откако го освои Светското првенство. Имавме зелено светло од Ла Лига, Лео сакаше да се врати, но Лапорта го спречи потпишувањето. Ми рече дека Меси ќе тргне по него и дека не може да го дозволи тоа. Во мој интерес е да ја кажам вистината. Меси не се врати затоа што Лапорта не го сакаше. Не е вина на Ла Лига, ниту пак Хорхе Меси побара повеќе пари. Тоа е ЛАГА. „Невраќањето во клубот ми го наруши односот со него. Лео мислеше дека сум дел од целата шема. Повторувам, Лапорта беше тој што не го сакаше. Сега повторно сме во добри односи“, изјави Чави.

По ова интервју, проговори и пријателот на Лео, Кристобал Сорија кој тврди дека сè е апсолутно вистина и дека луѓето блиски до Меси го поздравиле сè што рекол Чави.

„Конечно, вистината излегува на виделина. Малку по малку, сè ќе биде откриено“, изјави Сорија и продолжува:

„Лео направи сè што беше побарано од него за повторно да игра за Барселона. Во 2021 година, тој се согласи на плата од само 10 милиони евра годишно за да го продолжи договорот, но наскоро договорот пропадна. Потоа го доведоа Феран Торес за 55 милиони евра“

„Потоа, се случи вториот пат она што го спомена Чави. Лапорта сè затвори. Меси направи сè што го замолија повторно да го облече дресот на Барса, но залудно.“

„Луѓето од кругот на Меси се радуваат што вистината полека излегува на виделина. Мора да се истакне и дека Лео не кажал ни збор на оваа тема. Сепак“.

По овие зборови, приказната за Жоан Лапорта како претседател на Барселона лесно може да заврши. Тој е еден од кандидатите на изборите, а интервјуто на Чави може скапо да го чини.

Сега се очекува реакцијата на првиот човек на клубот на навистина сериозните обвинувања упатени кон него и сигурно нема да молчи.

Поранешниот тренер на Барса презеде сериозен ризик бидејќи јавно ги разоткри односите на врвот на клубот. Многумина веруваат дека Чави само го кажа она што се шепоти во Барселона со години – дека клучните одлуки не ги носат спортски работници, туку луѓе од сенка.

Целата приказна е дополнително отежната од фактот дека Лапорта со години се претставува во јавноста како човек кој е подготвен да го врати Меси на „Камп Ноу“. Тој практично му дал ветувања на Аргентинецот преку медиумите, а сега Чави и луѓе блиски до Лео откриваат сосема поинаква позадина.

Навивачите се чувствуваат измамени бидејќи веруваат дека претседателот на Барселона го користел името на Меси за да освои политички поени, без никаква вистинска намера да го реализира неговото враќање. Во таква атмосфера, притисокот врз Лапорта драматично расте.

Опозициските струи во клубот веќе го користат интервјуто на Чави како главен аргумент дека е потребна целосна промена на курсот, и во спортот и во менаџментот. Тие истакнуваат дека Барселона го изгубила својот идентитет, дека резултатите не се на посакуваното ниво и дека премногу работи се поврзани со игри зад сцената и лични интереси, наместо со теренот и спортскиот проект.

Целата сага околу враќањето на Меси сега добива димензии на сериозен скандал што ги надминува границите на фудбалот. Станува збор за статусот на една од најголемите легенди во историјата на клубот и прашањето кој навистина ги влече конците во Барселона.

Доколку Лапорта наскоро не понуди убедливо објаснување и не го побие Чави со конкретни факти, би можел да ги изгуби не само изборите, туку и највредното нешто – довербата на навивачите што ја изградил низ годините.

ИЗДВОЕНИ