понеделник, октомври 12, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Долгот на американските земјоделци достигна рекордни 605 милијарди долари

Долгот на американските земјоделци достигна рекордни 605 милијарди долари

13

Долгот на американскиот земјоделски сектор достигна рекордни 605,1 милијарди долари во 2026 година, повеќе од двојно над нивото од 2000 година, кога изнесувал околу 300 милијарди долари, покажуваат процените на Министерството за земјоделство на САД (USDA).

Според „Ројтерс“, вистинската задолженост e можеби и поголема од официјалните податоци бидејќи статистиката не ги опфаќа целосно кредитите од набавувачи, задруги и производители на земјоделска опрема.

Од вкупниот долг, околу 399 милијарди долари се однесуваат на недвижности, а 206,1 милијарда долари на други задолжувања. Земјоделците сè почесто користат алтернативни извори на финансирање, особено поради заострените услови за банкарски кредити.

Истражувањето на „Ројтерс“, кое опфатило повеќе од 52 комерцијални земјоделци од седум американски сојузни држави, покажало дека повеќето имаат меѓу седум и 10 кредитни линии, а некои и повеќе од 30.

Дополнителен проблем е намалениот одѕив на земјоделците во истражувањата на УСДА, што ја отежнува процената на вкупната задолженост. Министерството започнува ново истражување за да го измери подобро кредитирањето надвор од традиционалниот банкарски систем и да ги процени ризиците за финансиската стабилност на земјоделскиот сектор.

ИЗДВОЕНИ