понеделник, октомври 12, 2026
Дома СВЕТ Откако прекрсти залив и езеро: Трамп сака Атлантикот или Пацификот да се...

Откако прекрсти залив и езеро: Трамп сака Атлантикот или Пацификот да се вика Трампов Океан

0
EPA/AL DRAGO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп презентираше нова идеја за промена на географските имиња во САД. Тој вели дека по Мексиканскиот Залив и езерото Онтарио, би сакал да преименува еден од океаните, пишува „Вашингтон пост“.

– Добивме залив. Добивме прекрасно езеро. Сега некој ми вели дека ни треба река. Ни треба река. Ни треба океан, рече Трамп на митинг во Кларксвил, Тенеси.

Потоа, си поигра со идејата за преименување на Атлантскиот или Тихиот Океан, шегувајќи се дека еден од нив може да го носи неговото име.

– Ќе го наречеме океан на Трамп или, да речеме, океан на Америка, нешто слично, рече Трамп, предизвикувајќи смеа и аплауз од толпата, па додаде дека пред да ја напушти власта, мисли дека треба да преименува еден океан и една голема река, но не Хадсон и Мисисипи.

Минатата година, Трамп ја иницираше промената на американското официјално име на Мексиканскиот Залив во Американски Залив, а потоа отиде чекор понатаму и го нарече езерото Онтарио, кое се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, Американско Езеро. Претседателот на САД може да користи извршни одлуки за промена на имињата на географските објекти под надлежност на федералните власти, но таквите одлуки не значат автоматски дека новите имиња ќе бидат меѓународно прифатени.

 

ИЗДВОЕНИ