недела, јуни 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Дојава за бомба го испразни “City mall”

Дојава за бомба го испразни “City mall”

626

Попладнево дојава за бомба го испразни трговскиот центар “city mall”, во скопската населба Карпош. Од МВР го потврдија случајот и велат дека полицијата е на терен и проверува.

Денеска (25.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „city mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри.

На помладите, на кои трговскиот им е место за излегување за време на викендот, им било речено од полициските службеници дека иако можеби дојавата е лажна, сепак за нивна безбедност да си заминат.
Минатата недела полицијата направи евакуација и во “Ист гејт и во “ Дајмонт” во Скопје по лажни дојави за поставени бомби. Дојавите и тогаш пристигнаа на интернет адресата на МВР. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ