четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Доградбата на градинката во Расадник во завршна фаза

Доградбата на градинката во Расадник во завршна фаза

32

Градежните работи на доградбата на градинката „8 Март“ во Расадник се во завршна фаза. Ова беше констатирано при увидот во активностите од страна на заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

– Инвестицијата во висина од 60.000.000 денари, обезбедена во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со поддршка од Владата, се придвижува со засилено темпо. Во моментов се уредува фасадата, по што ќе следува поставувањето на подните подлоги, со цел дечињата час поскоро да влезат во новите современи простории за игра и учење – соопштија од Општина Кисела Вода.

Оттаму додаваат дека новиот простор од 800 квадратни метри е изграден по највисоки стандарди и дека во него има шест нови и пространи занимални, во кои се вклучени и две јаслени групи, со што се обезбедува капацитет за нови 120 дечиња од Општината.

– Она што го ветивме, веќе станува реалност на терен. Посветени сме на секое маало и на секое дете, бидејќи вложувањето во најмладите е наша најважна задача. Создаваме услови Кисела Вода да биде пример за модерна општина, која инвестира во својата иднина – изјави Стаменкоска-Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ