четврток, јуни 11, 2026
Дома МАГАЗИН Мојот љубовен живот е здодевен, а ни на крај на умот не...

Мојот љубовен живот е здодевен, а ни на крај на умот не ми е да се женам, живеам повлечено во Гевгелија

61

Вистина е дека Владо Јаневски живее во Гевгелија, а од Скопје се пресели заради помирниот стил на живеење, по малку пензионерски, велат на шега неговите пријатели. Во овој најјужен македонски град, градот на смокви и на мирисот на морето, доволна му е тишината.  Во Скопје доаѓа само кога има работни обврски, ТВ-снимања или промотивни активности Но, тука, до Гевгелија, блиску, „пред носот“, му е Егејско Море, а Владо е познат вљубеник во морето и целата таа морска шема. Особено сега, во овие летни денови, кога знае да замине покрај морскиот брег само да се напие утринско кафе. Сепак не е тип кој сака да излегува. Не ја трпи ноќната шема, ниту гужвите и бучавата.

– Повеќе сакам да седам дома, ретко излегувам. Гледам нешто на телевизија или на интернет, слушам или пишувам песни. Порано луѓето често ме гледаа по кафулиња, ресторани и локали, сега веќе не е така. Поубаво ми е вака, повлечено. Мојот љубовен живот не е интересен, ниту за вас новинарите, ниту за моите обожаватели. Сосема го запоставив, така што во тој поглед е здодевно. Немам девојка, не сум вљубен, а ни на крај на умот не ми е да се женам!

Неодамна, Владо сите ги растажи и предизвика насолзени очи кога кажа дека песната „Далеку е небото“ е посветена на неговиот починат татко. – Таа песна не ја пеам на концерти. Толку многу е интимно моја, затоа што е посветена на татко ми. Тој ми беше не само биолошки татко туку и мојот најдобар другар, искрено раскажа Јаневски, неодамна пред новинарите.   (Д. М.) фото:ФБ-архива

 

ИЗДВОЕНИ