Реализација на над 30 инфраструктурни проекти во периодот што следува најави градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, на почетокот од својот нов мандат.
Тој изврши увид во повеќе градежни активности.
– Овде сме во населбата Зелен Рид, на улицата „Васко Карангелески“, која го носи името на еден наш великан, вистински патриот. Сакам одовде да најавам дека во следниот период ќе започне реализацијата на повеќе од 30 инфраструктурни проекти во различни делови на градот, со акцент на централно градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот – истакна Димитриевски, заблагодарувајќи им се на граѓаните за довербата.
Тој додаде дека негова обврска е да продолжи да го гради Куманово заедно со граѓаните.












