Општина Кавадарци продолжува со реализацијата на уште една фаза од проектот за изградба на водоводна и на канализациска мрежа во населбата Моклиште, на територијата на Општина Кавадарци.
Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека водоводната и канализациската мрежа ќе бидат во вкупна должина од 6,4 километри. Проектот опфаќа и резервоар со капацитет од 150 кубни метри, со што ќе се обезбеди постојан и квалитетен водоснабдителен и канализациски систем за локалното население, но и за новите 400 викенд-куќи што ќе бидат изградени во оваа населба.
Проектот е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и од локалната самоуправа и е во висина од милион евра.
Исто така, во тек се и активности за тампонирање на патот што води до гробиштата во населбата Глишиќ, а ги изведува ЈП „Комуналец“ – Кавадарци.












