понеделник, јули 6, 2026
Дома СВЕТ Дијалогот Трамп – Путин ќе продолжи во блиска иднина

Дијалогот Трамп – Путин ќе продолжи во блиска иднина

24
EPA/GAVRIIL GRIGOROV

Претседателите на Руската Федерација и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, ќе ги продолжат своите разговори во блиска иднина, изјави денес за новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Навистина, и претседателот Путин и претседателот Трамп разбираат дека нивните контакти ќе продолжат во блиска иднина“, рече Песков, коментирајќи ги извештаите дека рускиот и американскиот лидер наводно се согласиле да одржат телефонски разговор по средбата на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО, објави ТАСС.

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во саботата навечер беше добра можност да се пренесе ставот на Москва на највисоко ниво дека Киев и Европа се одлучуваат за ескалација, рече Песков.

ИЗДВОЕНИ