Двете подводни фонтани во реката Вардар, поставени во близина на Камениот мост кои се дел од проектот „Скопје 2014“, се уште не се во функција и служат како собирачи на ѓубре. И сега околу нив има ќеси и собрани гранки.
Иако градските власти во изјава летото истакнаа дека работат на изнаоѓање на квалитетно, трајно решение без ризик за граѓаните, инфраструктурата и самото корито на реката Вардар, очигледно е дека не го нашле.
Останува да се надеваме дека наскоро градските власти како што ветија ќе излезат со одржливо и безбедно решение, кое ќе овозможи овој простор повторно да ги добие изгледот и функцијата што ги заслужува.
Фото: (Ѕ.П.)












