Џорџ Расел не се откажува од борбата за титулата во Формула 1 откако со победата во Азербејџан ја намали разликата во однос на Кими Антонели. Тој сега заостанува 66 бода зад својот тимски колега, а по одличниот настап во Баку, повторно верува дека може да се вмеша во битката за шампионската круна.

  • Врз мене има многу помал притисок отколку врз него – изјави Расел, алудирајќи на лидерот во шампионатот.

Возачот на Мерцедес призна дека во претходниот период не се сметал за сериозен кандидат за титулата поради сопствената форма.

Во Баку ја оствари третата победа сезонава, стартувајќи од пол-позицијата и водејќи од почеток до крај. Тој го постави и најбрзиот круг, со што првпат во кариерата комплетираше „грен-слем“.

Антонели, пак, по проблемите во квалификациите, стартуваше дури од 16. место, но успеа да стигне до петтата позиција.

ИЗДВОЕНИ