Џини Бас би можела преку судска постапка привремено да ја блокира продажбата на останатиот семеен удел во Лос Анџелес Лејкерс. НБА-аналитичарот и поранешен адвокат, Нејт Данкан, објаснува дека таа може да побара привремена судска забрана додека не се утврди дали нејзините браќа и сестри имаат право да го продадат уделот од 17,82 отсто.
Бас би можела да тврди дека губењето на сопственичкиот удел и функцијата гувернер на Лејкерс би ѝ предизвикало непоправлива штета. Сепак, продажбата сè уште не е формално започната, па таквиот чекор засега не е можен.
Пет од шесте деца на покојниот Џери Бас гласале за продажбата на уделот на Боб Ајгер и Џошуа Кушнер, додека Џини се спротивставува. Во август беше постигнат договор за купување на мнозинскиот удел на Марк Волтер, со што вредноста на Лејкерс се проценува на рекордни 12,5 милијарди долари.
Првото рочиште во спорот, првично закажано за 5 ноември, е презакажано за 8 декември.











