Девизните резерви на крајот од јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец забележале зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1 %), по што следуваат монетарното злато (15,6 %) и валутите и депозитите (13,2 %).












