недела, јуни 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Деветнаесетгодишник од Бојане завчера убил негов врсник во шума во скопски Сарај:...

Деветнаесетгодишник од Бојане завчера убил негов врсник во шума во скопски Сарај: Го пријавил таткото откако синот му го признал делото

77

МВР информира дека рано утрово во 00:50 часот во с. Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б.(19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ.

Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15. овој месец во шума во околината на с. Сарај со пиштол го усмртил Б.Д.(18) од Бојане.

Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен во полициски службеници, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството.

По документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ИЗДВОЕНИ