Шпанецот Жерар Деулофеу беше голема надеж на Барселона и дебитираше за неа како тинејџер, во 2013 година. Потоа играше за Евертон, Севилја и за Милан, па во 2017 година се врати во Барселона, а потоа се пресели во Вотфорд. Потоа потпиша и за Удинезе, но неговиот договор брзо беше раскинат, и тоа би можело да биде последниот клуб во неговата кариера.

  • Тоа е тешка ситуација, бидејќи она од што страдам е повеќе инвалидитет отколку повреда – истака Деулофеу, кој го одигра својот последен натпревар на 22 јануари 2023 година.

Тој има сериозна повреда на коленото, која трае веќе две и пол години, а неговата ситуација се претвори во кошмар, поради што не знае дали или кога повторно ќе може да игра фудбал.

  • Не сум во можност да играм повеќе од две и пол години. Имав сериозна повреда на коленото, комплицирана од инфекција на ‘рскавицата. Тренирам и се подготвувам за моето враќање, но не можам да поставувам никакви рокови – објасни Шпанецот.

Потоа додаде дека клубот не го оставил на цедило:

  • Она што го имам не е повреда со шест, седум или со осум месеци период на заздравување. Многу е тешко, понекогаш напредувам, но има и неуспеси и никогаш не знам дали ќе успеам. Но, јас сум луд и нема да се откажам. Ќе направам сè што можам за да се вратам на теренот. Сакам да го разјаснам ова, бидејќи кога објаснив дека клубот и јас го раскинавме договорот, можеби, изгледаше како да сум оставен сам, но не беше така. Имам медицинска поддршка од Удинезе и одржувам контакт со Џино Поцо и со стручниот штаб на клубот. Продолжувам да тренирам во нивните центри и со тимот. Многу сум благодарен за третманот што ми го дадоа. Во текот на целиот овој период, имам време за сè. Исто така, многу размислував и за пензионирање. Она што ми е јасно е дека сакам да останам вклучен во светот на фудбалот бидејќи тој е мојот живот. Не знам дали ќе можам повторно да играм, но знам дека фудбалот е мојот живот – беше јасен Деулофеу.

 

ИЗДВОЕНИ