четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Детски фестивал „Детелинка“ во Паркот на франкофонијата

Детски фестивал „Детелинка“ во Паркот на франкофонијата

38

Општина Центар објави јавен повик за реализација на предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“.

Градоначалникот Горан Герасимовски објасни дека ова е прв ваков фестивал што има цел да ја поттикне љубовта кон музиката кај најмладите во градинките, да открие нови афинитети и таленти и да ја афирмира креативноста на воспитниот и стручниот кадар преку јавна промоција на автентични детски песни создадени од вработените во установите.

Избраниот организатор треба да обезбеди целосна реализација на настанот, вклучително јасно дефинирани агенда и сценарио, програма со оригинални детски песни креирани од воспитно-стручниот кадар на јавните предучилишни установи, музичка и сценска поддршка за нивна изведба, ангажман на водител со искуство од културни и детски настани, логистичка поддршка за учесниците, придружни активности за децата, како и промотивни материјали за јавна видливост на настанот.

Предвидено е фестивалот да се одржи на 18 мај 2026 година, во Паркот на франкофонијата.

Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од денот на објавување на јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар.

 

ИЗДВОЕНИ