Од Владата известија дека е завршена изградбата на базенот во дворот на ОУ„Невена Георгиева-Дуња“ во Општина Кисела Вода.
Оттаму додаваат дека со реализацијата на проектот е обезбеден нов и современ простор за спорт, рекреација и едукација на учениците, кој придонесува за развој на здравите навики и активниот животен стил.
-Воедно, се унапредува училишната инфраструктура и се создаваат подобри услови за квалитетно образование и целосен развој на учениците – потенцираат од Владата.












