Најмалку пет лица беа убиени, а седум други беа ранети денес кога вооружен човек отвори оган во близина на јужниот турски град Мерсин, објавија турските медиуми.
Според наводите, осомничениот Метин О. (37) ја убил својата поранешна сопруга Арза О. (32) со огнено оружје, по што избегал со автомобил.
После тоа, тој наводно дошол во ресторан во населбата Кадели во округот Тарсус, каде што отворил оган врз објектот од своето возило, според „Си-ен-ен Турк“.
Како што е објавено, напаѓачот прво отворил оган во ресторан, каде што биле убиени најмалку две лица, додека уште две жртви биле убиени на други локации.
По нападот, полицијата и жандармеријата започнале обемна потрага по осомничениот, со вклучување на копнени и воздушни единици.












