вторник, септември 22, 2026
Дома КУЛТУРА „Денови на комедијата“ во Куманово од 23 септември до 5 октомври

„Денови на комедијата“ во Куманово од 23 септември до 5 октомври

20

Дваесет и деветтиот меѓународен фестивал „Денови на комедијата“ ќе се одржи од 23 септември до 5 октомври, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Во текот на фестивалските денови, публиката ќе има можност, во препознатливата фестивалска атмосфера, да проследи десет театарски претстави исполнети со хумор и со квалитетна актерска игра, преку изведба на театрите од Македонија и од земјите од регионот. Годинашен лауреат е Игор Џамбазов.

На фестивалот ќе се доделат награди за најдобра претстава, режија, сценографија, костимографија, главна женска и машка улога, споредна женска и машка улога и млад актер. За наградите ќе одлучува тричлено жири.

Кумановскиот театар првпат ќе го отвори фестивалот со своја премиера. На 23 септември, со почеток во 20:00 часот, на сцената на ЦК „Трајко Прокопиев“ ќе биде изведена претставата „Смрт на погребот“, во режија на Ненад Витанов. „Смрт на погребот“ е црна, односно црна романтична комедија, во која, како што најавува Витанов, публиката ја очекува брза и динамична сценска игра, со голем број актери, атрактивни ситуации и со многу хумор.

ИЗДВОЕНИ