Златан Ибрахимовиќ има многу силен карактер и практично во се сака да го има последниот збор, освен во одредени ситуации како што е случајот со неговата партнерка Хелена.
Родителите на легендарниот напаѓач, Шефик и Јурка се развеле во раното детство, па тој немал можност да ја почувствува вистинската родителска љубов.
Тој израснал во озлогласениот дел на Малме, научил да се грижи за себе и дефинитивно успеал во животот, а тоа што го помина, не сака да го доживеат неговите деца.
Ибра поради потеклото го задевале врсниците, имало денови кога немал што да јаде, додека често запаѓал во неволја бидејќи татко му Шефик не бил толку одговорен.
Златан се погрижи неговите синови Максимилијан и Винсент да имаат сосема поинаков живот и практично од раѓање живеат на висока нога.
Сепак, познатиот напаѓач не дозволил да му ги разгалат децата и им забранил да користат социјални мрежи, нешто што е составен дел од животот на денешната младина.
„Ги сакам моите деца како ништо на светот. За мене тие секогаш ќе бидат во најдобра позиција. Да ги сакаш значи да ги заштитиш, одговорно да управуваш со нивната слобода.
Не им е дозволено да ги посетуваат социјалните мрежи бидејќи не сакам да бидат повредени од лошите работи што би можеле да ги прочитаат за мене.
На мојот Инстаграм нема ниту една фотографија од моите деца и моето семејство.
Наместо тоа, гледам многу деца објавени на Интернет, некои отвораат личен профил дури и на седум или осум години и веќе имаат илјадници следбеници.
Но, дали тие деца кога ќе пораснат ќе бидат среќни што на тој начин биле изложени?
Моите деца сами ќе одлучат кога ќе можат да ја разберат невистината што постои во светот на социјалните мрежи. Сега не можат да знаат бидејќи нема социјални мрежи за нив.
Не станува збор за чување под стаклена тегла. Ја имам одговорноста да ги изведам и да им го поплочам патот, тие ќе можат да го продолжат како што сакаат, штом можат сами да чекорат“, напиша Златан во својата биографија Адреналина.
Максимилијан, кој полнолетен од минатата година, игра за Примавера Милан и се снаоѓа доста добро, бидејќи младиот напаѓач постигна шест гола на 24 натпревари, додека помладиот Винсент игра на позицијата стопер.