ВИДЕО: Масовна тепачка меѓу Торцида и БББ во Сплит пред дербито

172

Нешто по 9 часот дошло до судир меѓу голем број навивачи кај Пујанке во Сплит. Очигледно се работи за тепачка меѓу навивачите на Динамо и Хајдук во пресрет на попладневното дерби на „Пољуд“.

Набргу потоа, на местото на настанот пристигна голем број на полицајци кои спречија големи немири.

Локалните медиуми јавуваат дека утринава околу педесетина навивачи на Динамо, Бад Блу Бојс, со маски пристигнале кај Пујанке и настанала тепачка со навивачите на Хајдук.

Од сплитско-далматинската полиција потврдија дека околу 9:15 часот добиле дојава за конфликт.

„Полициските службеници многу брзо пристигнале на местото на настанот, го прекинале натамошниот конфликт и воспоставиле јавен ред. Во службените простории се донесени поголем број лица за да бидат приведени и ќе биде спроведена кривична истрага. Се трага по другите учесници“, соопштија од полицијата.

„Откако полицијата брзо пристигна во Пујанке за да спречи понатамошен конфликт, голем број учесници во настанот се приведени на местото на настанот.

Во овој момент во полициска станица се донесени повеќе од 100 лица, ќе се врши увид на лице место и се води кривична истрага. „Неколку лица побарале лекарска помош“, соопшти полицијата околу 11 часот.

Сплитската полиција претходно за натпревар од висок ризик го прогласи саботниот натпревар меѓу Хајдук и Динамо кој се игра на „Пољуд“ со почеток во 16 часот и најави спроведување на мерки карактеристични за вакви настани.

ИЗДВОЕНИ