Холандскиот играч од средниот ред, Френки де Јонг, го скина медијалниот колатерален лигамент на десното колено, објавија од тимот на Барселона. Каталонскиот клуб соопшти дека холандскиот интернационалец нема да има потреба од операција, туку ќе биде подложен на конзервативен третман.
Барса не прецизираше време за закрепнување, но шпанските медиуми објавија дека Де Јонг ќе отсуствува неколку недели.
- Во последно време, имаше многу шпекулации за мојата повреда. Тешко е луѓето да помислат дека не давам сè од себе за клубот, бидејќи тоа не е случај. Го повредив коленото за време на Светското првенство. По првиот тест, докторот рече дека можам да продолжам да играм со болката и дека нема да се влоши. По Светското првенство, стана јасно дека повредата е посериозна отколку што првично мислев. За среќа, не беше потребна операција, истакна Де Јонг.











