Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, го осови 46. место од вкупно 60 натпреварувачи на маратонската трка, на Европското првенство во атлетика во Бирминген. Дарио во одлична форма пристигна во Бирмингем и трката ја заврши за време од 2:22:39 часа.

Победник на маратонот и нов европски шампион е Германецот Петрос кој заврши со време од 2:09:1 што е нов рекорд на оваа патека. Веднаш зад него со седум стотинки заостанување беше Италијанецот, Рива, а бронза прослави Ајаал Израел со десет стотинки заостанување.

Кај дамите со 2:22:26 најбрза беше Алиша Ваинио која издоминира на патеката и зад себе ја остави Лили Ана Виндих од Унгарија со 2:27:26, додека трета заврши домашната натпреварувачка Аби Донли со 2:27:33.

Ивановски беше рангиран на 36.место и обезбедена норма со одличните резултати на претходните маратони. Тој во февруари 2024 година во Севилја го постави државниот рекорд со време 2:08:26, а оваа година на маратонот во Белград го истрча своето второ најдобро време – 2:09:35 часа.

 

ИЗДВОЕНИ