четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Дали знаете кој на естрадата има најмногу деца?

Дали знаете кој на естрадата има најмногу деца?

120

Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ – рекордер по бројот на наследници! Тој и неговата сопруга, Ивана, се вистински пример за тоа како би требала да изгледа една складна брачна двојка, едно среќно, весело македонско семејство. Од македонските пејачи, тој има најмногу дечиња, дури четири – тројцата синови Михаил, Јоан и Дарин и ќерката Теодора, која неодамна наполни 18 години

 Важи за еден од најслушаните музичари во Македонија заедно со неговиот „Енерџи бенд“ и со хитовите „Црвена вишна“, „Синот единец се жени“, „Низ песни ќе те испеам“, „Ергени се збрале“, „Куќо моја, куќо стара“, „За четири наши дечиња“, „Дајте ни вино“, дуетот со Благица Павловска во песната „Круна на љубовта“. Тоа е Ѓоко Јовиќ. Неговите естрадни колеги и естрадни новинари велат дека има среќна ѕвезда, затоа што Господ ги наградува само најупорните. Кај Ѓоко е токму така. И на професионално и на приватно поле е упорен и истраен и, за чудо, никогаш нема згрешено.

На професионално поле, веќе знаеме дека постојано и успешно настапува со бендот не само дома, во Македонија, туку и насекаде на Земјината топка, а, секако, најбројни му се настапите кај македонските иселеници. Се разбира, и заработувачката му е мошне солидна. Особено жените го сакаат. За овој валандовчанец со скопска адреса на живеење велат дека е атрактивен, најчесто кога е на сцена. Знае да се облече, а да е тоа со вкус и да е сè на него ем скапо ем да е последен збор на модата. Но, иако честопати е цел на многу жени, девојки и тинејџерки, тој е класичен семеен тип. Тој и неговата сопруга се вистински пример за тоа како би требала да изгледа една складна брачна двојка, едно среќно, весело македонско семејство.Но, малкумина знаат дека од македонските пејачи, тој има најмногу дечиња – дури четири. Ѓоко и неговата сопруга, Ивана, на која ѝ ја посвети убавата песна „Ти си моја жена“, се горди родители на четири деца – на тројцата синови Михаил, Јоан и Дарин и на ќерката Теодора. Го држи рекордот кога станува збор за нашата естрада во поглед на наследниците. Богат човек! Ѓоко не го крие тоа, нема причина, како што, на пример, прават некои други, демек им пречи за популарноста. На Јовиќ не му пречат децата во кариерата. Напротив, тие му се инспирација за работа и за заработувачка. Честопати знае да ја сподели таа семејна радост со обожавателите, преку многубројни фотографии, кога е со семејството на летување, зимување или кога се слават родендени.

Токму еден таков роденден имаше кај него дома, кога полнеше неговото најстаро дете, ќерката Теодора, 18 години. На својата миленичка, тој ѝ посвети неколку убави песни преку социјалните мрежи. Цел свет можеше да ужива во нивната голема, семејна македонска прослава.

(Д. М.) фото: архива

 

ИЗДВОЕНИ