четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН „Да станам татко, тоа ми е најголема обврска“ – Контроверзниот Боки 13...

„Да станам татко, тоа ми е најголема обврска“ – Контроверзниот Боки 13 откри долгочувана тајна

1083

Бојан Јовановски, со уметничкиот прекар Боки 13, не престанува постојано да ја изненадува публиката до степен на онесвестување, во секој поглед. Неговиот најнов имиџ повеќе потсетува на секси русокоси и црнокоси девојки, а најмалку на некојси маж. Но, тоа е неговиот избор, а неговите одлуки кога е шоу-бизнисот во прашање секогаш се контроверзни, двосмислени. Тој не може да му ја затне устата на народот, па секој си зема за право сочно да го озборува. Така е и овој пат, дури и кога зборува за својот љубовен статус.

– Тешко се наоѓа сродна личност, затоа што во овој материјален свет ние, познатите личности, никогаш не сме на чисто дали покрај себе, за својот партнер го имаме оној вистинскиот. Затоа што не знаеме со сигурност дали тој некој или некоја вистински искрено нè сака или сака да нè искористи, злоупотреби поради нашата популарност.  Боки 13 во текот на оваа година ќе наполни 40 години, па за јубилејниот роденден подготвува вистински спектакл и во Скопје и во Белград. По тој повод, има многу желби, а една од нив е да има свое дете, да стане татко.

– Да, ама не е тоа сосема така како што се пишува. Сè уште не сум на чисто дали го можам тоа, бидејќи тоа е многу голема одговорност, најголемата животна обврска. Јас постојано ги гледам моите пријатели, кои се фамилијарни со децата. Се гордеам со тоа што се татковци тие – вели Бојан Јовановски за родителството.    (Д. М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ