вторник, септември 22, 2026
Дома СКОПСКА Да се негува емпатијата, одговорноста и љубовта кон животните и природата

Да се негува емпатијата, одговорноста и љубовта кон животните и природата

13

Скопската Зоолошка  градина склучи Меморандум за соработка со сите 11 стручни средни училишта на Град Скопје.

Од Зоолошката велат дека оваа соработка отвора ново поглавје во кое образованието, практичната работа, креативноста и грижата за природата ќе се спојат на едно место.

-Заедно, со поддршка скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и Град Скопје ќе работиме на нови проекти и активности кои ќе придонесат за развој и унапредување на Зоолошката градина, а учениците ќе добијат можност своето знаење, талент и вештини да ги покажат во пракса и да бидат дел од вистински, значајни проекти – велат од ЗОО, нагласувајќи дека целта е да се создаваат навики за чиста и зелена животна средина, да се придонесе за подобрување на благосостојбата на животните и, што е најважно, кај младите генерации да се негуваме емпатијата, одговорноста и љубовта кон животните и природата.

-Веруваме дека токму преку младите, нивните идеи, енергија и знаење можеме заедно да создадеме подобра ЗОО – нагласуваат од Управата на оваа институција.

 

ИЗДВОЕНИ