четврток, јули 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ЦУК спаси повреден планинар на Кораб

ЦУК спаси повреден планинар на Кораб

30

Денес, преку Единствениот број за итни повици 112 беше примена пријава за повреден планинар на планината Кораб, кој поради повреда не бил во состојба да се движи.

По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово веднаш оствари координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен.

Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцираа повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон село Жужње. Таму бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар за понатамошен транспорт и медицински третман.

Благодарение на брзата реакција и навремената координација на сите надлежни служби, повредениот планинар е безбедно евакуиран и во стабилна состојба.

ИЗДВОЕНИ