среда, јули 8, 2026
Дома СКОПСКА  Центар со најмногу непрописно одложен отпад 

 Центар со најмногу непрописно одложен отпад 

58

Вкупно 82.296 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и стопанските субјекти на територијата на градот Скопје биле подигнати од страна на екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, во периодот јануари – јули 2026 година.

Воедно, биле отстранети и 14.535 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 2.385 кубни метри било подигнато во општината Центар.

Од претпријатието велат дека продолжуваат со одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се реализира во доцните вечерни часови.

-Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија.

Во текот на изминатите шест месеци, eко-патролата при ЈП „Комунална хигиена“ изготвила вкупно 274 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно  одлагање на отпадот. Најмногу од записниците- 148 биле во Општина Чаир, потоа во Општина Гази Баба-35, 30 записници во Аеродром, 21 во Карпош, 18 во Центар, 16 во Општина Ѓорче Петров, 5 записниви во Кисела Вода и најмалку, само еден во Општина Бутел.     

ЈП „Комунална хигиена“ реализирала и низа еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи.

-Преку овие активности, вкупно 747 најмлади жители на нашиот град се едуцираа како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад и колкаво е значењето на неговата примарна селекција – соопштија од ЈП „Комунална хигиена“.

 

ИЗДВОЕНИ