Во насока на стабилизирање на пазарот на нафтени деривати, Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите, а истовремено во сила останува и попустот од 2 денари по литар од „ОКТА“. Со овие мерки се очекува директно намалување на малопродажните цени на горивата, при што дизелот би можел да поевтини за околу 6,5 денари, а бензините за 1,5 денар.

Регулаторната комисија за енергетика, утре, треба да ја донесе конечната одлука за новите цени, кои, според најавите, би можеле да ја спуштат цената на дизелот и под психолошката граница од 90 денари за литар. Од Владата посочуваат дека комбинацијата од мерките има за цел олеснување на трошоците за граѓаните и стопанството и задржување на ценовната стабилност во услови на глобални енергетски движења

Регулаторната комисија за енергетика, утре, треба да донесе одлука за значително намалување на цената на дизел-горивото, во насока на најавите за стабилизирање на пазарот на нафтени деривати. Според најавите, дизелот би можел да поевтини за околу 6,5 денари по литар, додека бензините за 1,5 денар.

По денешната владина одлука, продолжена е мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај, а истовремено е обезбеден и дополнителен попуст од 2 денари по литар од „ОКТА“, кој почнува да се применува од денеска. Оттаму посочуваат дека комбинацијата од овие мерки и договорите со домашниот снабдувач „ОКТА“ треба да придонесат за директно олеснување на трошоците за граѓаните и за стопанството.

– Со продолженото намалување на акцизите за горивата и како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, согласно со нашите пресметки, очекуваме цената на дизел-горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар. Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина – информираа од Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека, со овие мерки, државата ќе остане меѓу земјите со најниски цени на горивата, нагласувајќи дека во изминатиот период бил обезбеден континуитет во снабдувањето и стабилност на пазарот, и покрај зголемениот притисок на побарувачката.
Според него, три месеци периодот беше динамичен, но Владата ја задржа ценовната стабилност.

– Граѓаните не почувствуваа ниту во еден момент какво било ограничување кога станува збор за снабдување со нафта и со бензини. Истовремено, притисокот врз нашите бензински пумпи беше огромен. Имаше денови кога беше зголемен 50-ина проценти од вообичаено, имајќи предвид нормални, регуларни денови. Очекуваме во понеделник да бидеме држава со убедливо најниски цени на горивата, односно на дизел-горивото и на бензините – нагласи премиерот Мицкоски.

Инаку, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), по финалните пресметки, секој понеделник ги соопштува новите цени на горивата на бензиските пумпи кои важат од вторник и сè до следниот вторник. Во моментов, во земјава бензинот еуросупер БС-95 се продава по цена од 87,5 денари за литар, 98-октанскиот бензин чини 89,5 денари, додека дизел-горивото се точи по цена од 92 денари за литар.

Во меѓувреме, на европско ниво продолжува трендот на пораст на цените на горивата. Податоците на „Евростат“ покажуваат дека, во април, цените во земјите членки на Европската Унија се зголемиле за 20,8 % на годишно ниво, при што дизелот забележал пораст од 33,7 %, а бензинот за 13,6 %. Најголемо поскапување е регистрирано во Луксембург со 33,8 %, пред Франција и Шведска.

Цената на дизелот во април се зголемила во сите земји од Унијата. Најголем месечен пораст е забележан во Словенија со 23,5 %, Бугарија со 19,5 % и Кипар со 18 %. Кај бензинот, поскапување е регистрирано во 23 земји членки, при што најголем пораст има во Словенија со 12,9 %, а намалување на цените е забележано само во Романија, Шпанија и Полска.

(С. Бл.)

 

Европа ја врти „плочата“: Поради војната на Блискиот Исток повторно посегнува по руската нафта?

ИЗДВОЕНИ