среда, октомври 7, 2026
Дома СКОПСКА Целосно се реконструира паркот „Жена борец“

Целосно се реконструира паркот „Жена борец“

27

Во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена борец“. Од Град Скопје информираат дека реконструкцијатао пфаќа замена на постојните подни плочки и пешачки патеки со мермерни, кои ќе му дадат поубав и поблагороден изглед на просторот, во склад со неговото значење и местоположбата.

– Истовремено, се реставрира постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување, ќе се збогати зелената слика на паркот. Претходно, повторно засвети Вечниот оган кај фонтаната, кој во минатото не беше во функција – соопштија градските власти.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, кој изврши увид  во активностите, истакна дека паркот „Жена борец“ е едно од оние места каде што се среќаваат зеленилото, спомените и историјата.

– Место за одмор од градското секојдневие, за средби и за прошетки, кое заслужува да биде уредено и негувано, со внимание кон секој детаљ. Токму затоа, во тек е негова целосна реконструкција. Грижата за Скопје е наш приоритет и секојдневна одговорност – изјави Ѓорѓиевски.  

Тој додаде дека продолжуваат активностите за обновување и за редовно одржување на постојните паркови, но и за подигнување нови зелени површини, за повеќе простор за одмор, дружење и уживање на сите генерации.

 

ИЗДВОЕНИ