среда, октомври 7, 2026
Дома СВЕТ Расте стравот од чумата: Три земји воведоа мерки, Трамп закажа средба со...

Расте стравот од чумата: Три земји воведоа мерки, Трамп закажа средба со Путин

1

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше по мистериозната смрт на вработена во институт за истражување на чума во Сибир – која почина од пневмонија со непознато потекло – изјавувајќи дека договорил разговор со рускиот претседател Владимир Путин и дека за овој случај ќе разговараат „многу наскоро“.

На прашањето што вели американската разузнавачка заедница за случајот, Трамп рече дека САД водат „многу сериозни разговори“ за оваа тема, пренесува „Танјуг“.

Казахстан, Киргистан и Узбекистан одделно воведоа превентивни мерки на своите граници за да го спречат евентуалното ширење на заразни болести.

Ризикот од епидемија на чума во Русија е низок по смртта на лабораториската техничарка во Иркутск, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„СЗО не откри знаци за понатамошно ширење на заразата откако минатата недела почина Дарија Шипилова. Ризикот од епидемија во Русија е низок по ненадејната смрт на лабораториската техничарка која работеше во институтот за истражување на чума во Сибир“, се наведува во соопштението на СЗО, пренесува „Гардијан“.

Дваесет и осумгодишната Дарија Шипилова почина минатата недела, два дена откако се разболе, а во извештаите на руските медиуми се сугерира дека таа можеби се заразила по инцидент на нејзиното работно место, каде што се чуваат и проучуваат опасни патогени.

Руските власти го минимизираа значењето на овој инцидент и наведуваат дека Шипилова починала од „пневмонија со непозната етиологија“, но сепак беа воведени строги мерки за карантин во истражувачкиот центар во градот Иркутск, како и во неколку соседни болници.

Кристијан Линдмаер, портпарол на СЗО, во вторникот изјави дека нема знаци за пошироко избивање на зараза.

„Сите контакти на пациентката се идентификувани и нивната здравствена состојба се следи, но ниту едно лице до денес не покажало симптоми на болеста“, рече тој.

Колкав е здравствениот ризик?

Руските официјални лица сè уште истражуваат дали пнеумоничната чума е причина за смртта на Шипилова, но СЗО го оцени здравствениот ризик како „умерен до низок“ за Иркутск, „низок“ за остатокот од Русија и „многу низок“ за Европа, изјави тој.

Дарија Шипилова (28), која работела во истражувачкиот институт, на 25 септември скршила епрувета со патоген на пнеумонична чума, објавија претходно локалните медиуми.

Потоа, Шипилова била примена во болница на 29 септември со симптоми на тешка пневмонија и починала во ноќта меѓу 1 и 2 октомври.

Руските власти соопштија дека не пронашле докази дека нејзината болест била предизвикана од некој од патогените со кои работела и истакнаа дека ситуацијата е под контрола.

Болницата во која се лекувала работничката е ставена во карантин, додека околу 200 лица кои биле во контакт со неа се под строг медицински надзор.

ИЗДВОЕНИ