Вистинското шоу се случи кога на подиумот се качи мегапопуларната фолкерка Благица Павловска, која со Антониа, во дует, темпераментно го испеа хитот „Чукај, срце, чукај“. Тоа воедно беше и голем прес, на кој голем број новинари ѝ поставуваа бројни интересни прашања на ѕвездата на вечерта. На секое прашање, Антониа одговараше со почит кон новинарот и кон медиумот
Просторот на „Сули ан“ во Старата скопска чаршија, кој и онака, самиот по себе, е атракција за ваквите промоции, беше претесен да ги прими сите оние што беа заинтересирани да присуствуваат на спектакуларната промоција на новиот албум на популарната поп-пејачка, Антониа Гиговска. Таа со години не се симнува од топ-листите, уште од она време кога беше атракција во балканското шоу „Ѕвездичките на Пинк“. Токму тој нејзин нов албум е насловен како „Жена“, а со него, атрактивната пејачка сега се претставува не само како расна припадничка на понежниот пол туку и како многу грижна и совесна мајка, сопруга, пријателка, сосетка.
Просторот во кој се одржа промоцијата беше дотеран по терк на светските промоции, уреден со вкус до секоја ситница. Со бели завеси, раскошни цветни декорации, со свеќи што гореа во стаклени свеќници и со голем ѕид – екран. Освен што тоа беше промоција на албумот, воедно се случи и голем прес, на кој голем број новинари ѝ поставуваа бројни интересни прашања на ѕвездата на вечерта. На секое прашање, Антониа одговараше со почит кон новинарот и кон медиумот, со што потврди дека таа е барем една од оние на естрадата која го сфаќа значењето на пишаните и на електронските медиуми за еден пејач и за неговиот успех.
Антониа се качи на подвижниот стол кој го носеа неколку развиени мажи, со што беше најавено нејзиното пристигнување на сцената. Потоа, насловната песна „Жена“, Антониа ја испеа заедно со сопругот Роберт (Спасенцовски) пред присутните, додека тој ја следеше со романтични звуци на пијаното. Вистинското шоу се случи кога на подиумот пристигна мегапопуларната фолкерка Благица Павловска, која со Антониа, во дует, темпераментно го испеа хитот „Чукај, срце, чукај“. Треба да се истакне дека новинарите беа почестени со подароците од спонзорите на Гиговска, а сè на сè, оваа промоција нека им послужи за пример на голем број пејачи за тоа како треба да изгледа – светско а, наше.
Но, за жал, голем број македонски поп-фолк пејачи или воопшто не прават промоции (веројатно да не се потрошат) или ако прават честопати од (не)намерно штедење испаѓаат смешни. Со чест на некои исклучоци меѓу нашите пејачи. Затоа, гледајте и учете од Антониа Гиговска. Што би рекла Северина, „мала је све од себе дала, није то шала“. Ма, едноставно кажано, браво, браво!!!
(Д. М.) фото: приватна архива(ФБ)












