понеделник, јуни 15, 2026
Дома СВЕТ Американската војска ги прекина одмаздничките напади врз Иран

Американската војска ги прекина одмаздничките напади врз Иран

496
EPA/SHAHZAIB AKBER

Американската војска соопшти дека ги завршила своите одмазднички напади врз Иран поради соборувањето на хеликоптерот за напад.

Централната команда на САД (CENTCOM), која ги надгледува американските сили на Блискиот Исток, објави на платформата X наведе дека „ги довршила самоодбранбените напади врз Иран“.

– Силите на CENTCOM нападнаа иранска воздушна одбрана, контролни пунктови и радарски места за надзор во близина на Ормутскиот теснец со борбени авиони. Американските сили остануваат будни и подготвени да се одбранат од непровоцирана иранска агресија – соопшти американската команда, истакнувајќи дека нападите биле извршени по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

CENTCOM објави дека ги започнал нападите врз Иран, додавајќи дека „мисијата е пропорционален одговор на непровоцирана иранска агресија“.

Трамп изјави за ABC News дека одговорот на Иран „треба да биде многу силен, моќен и токму тоа е овој одговор“, пренесува AFP.

ИЗДВОЕНИ