
Новиот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, планира да ангажира нов напаѓач за време на летниот преоден рок и истиот треба да биде замена за уругвајскиот интернационалец, Дарвин Нуњез. Близок извор од таборот на „црвените“ откри дека раководните лица се фокусирани на четири фудбалери, на Бенџамин Шешко, Александр Исак, Виктор Осимен и на Хуго Екитике.