понеделник, октомври 26, 2026
Дома БАЛКАН „Чекав 14 години овој политички олош да си замине од власт“, порача...

„Чекав 14 години овој политички олош да си замине од власт“, порача поранешниот претседател на Србија

172
Фото: Youtube Nova.rs

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ изјави дека Српската напредна странка (СНС) ќе се распадне бидејќи зависи од капиталот на неколку поединци, додавајќи дека за претседателот Александар Вучиќ ќе биде исклучително тешко да се соочи со губењето на власта.

„Чекав 14 години ова да се случи – овој политички олош да биде тргнат од власт. Што се однесува до човекот кој сите во опозицијата и во медиумите ги нарекуваше ’олош‘, ’усташи‘, ’злосторници‘ и слично – па, морам да кажам: ‘тие се олошот’. Но, тоа не значи дека сега треба да бараме одмазда. Треба да воведеме ред во државата“, рече Борис Тадиќ за време на гостувањето на телевизијата Н1.

Тадиќ додаде дека демонтирањето на постоечкиот систем е сега најважната задача, нагласувајќи дека не смее да има одмазда откако актуелната власт ќе си замине.

Тој понатаму истакна дека никогаш не се сметал себеси за некој што “мора“ да извршува функција или да биде на раководна позиција.

„Јас влегов во политиката во време кога луѓето умираа поради политиката, додека Вучиќ влезе во политиката исклучиво за да биде на власт – и ‘само’ за да биде на власт. Затоа, не знам како тој ќе го преживее ова, но познавајќи го, претпоставувам дека ќе му биде многу тешко. Му посакувам сè најдобро, но исто така се надевам дека Српската напредна странка ќе исчезне што е можно поскоро“, додаде тој.

Тадиќ изјави дека СНС ќе биде демонтирана и распарчена, бидејќи се потпира на капиталот на своите сопственици.

„Ова е партија во сопственост на неколку поединци. Штом тие ќе почнат да се фокусираат на сопствениот капитал – и кога таа логика ќе надвладее – Српската напредна странка ќе се распадне“, додаде тој.

ИЗДВОЕНИ