Чадот во Ватикан доцнеше, најавен беше за два часа порано: Се наведуваат две можни причини за доцнењето

1575
EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Црн чад од оџакот на Систинската капела се појави вечерва во 21 часот и 4 минути, многу подоцна од што најавеното – во 19 часот се очекуваше резултатот од првото гласање на кардиналите собрани на конклавата за избор на 267. поглавар на Католичката црква.

Италијанските медиуми објавија интересна теорија зошто дошло до вакво доцнење. Извештаите посочуваат дека никој надвор од затворените врати на Систинската капела не знае точно која е причината, бидејќи постои апсолутна тајност за тоа што се случува внатре во капелата каде што се гласа за конклавата.

Експертите од Ватикан велат дека ова е најверојатната причина: кардиналите доцнеле со гласањето бидејќи „Екстра омнес“, проглас кој ги обврзува сите кои не учествуваат во гласањето да ја напуштат Систинската капела, бил во 17:45 часот. Така подоцна од првично планираното, објави дневниот весник Corriere Della Sera.

Во извештајот се наведува и дека е можно причината за задоцнетиот почеток на првиот круг на гласање да е медитацијата на кардиналот Раниери Канталамеса, закажана само за првиот ден од конклавата. Оваа медитација имаше за цел „да им помогне на кардиналите да размислуваат за многу сериозната задача што ги чека и за потребата, при изборот на поглавар на Ватикан, да дејствуваат во сè со правилни мисли, стремејќи се да ја исполнат само волјата Божја, насочени исклучиво кон доброто на целата Црква“.

ИЗДВОЕНИ