На крајот од првиот квартал од 2025 година, бруто надворешниот долг изнесува 12.117 милиони евра и забележува квартално намалување од 203 милиони евра, соопшти Народната банка.
Бруто надворешните побарувања се намалени за 204 милиони евра и изнесуваат 7.487 милиони евра. При истовремено намалување на обврските и побарувањата во речиси идентичен обем, кај нето надворешниот долг бележиме минимално квартално зголемување, така што на крајот од март 2025 година тој изнесува 4.630 милиони евра.